ПСЖ киксна на стартот – без „муниција“ против Лориен

132

Францускиот шампион Пари Сен Жермен со реми без голови ја отвори новата сезона во француската Лига 1. На својот „Парк на принцовите“, екипата на Луис Енрике одигра 0:0 против Лориен што е кикс со оглед на квалитетот на противникот.
За ПСЖ во протоколот не беа Мбапе и Нејмар, а во нападот од стартот беа Ли, Рамош и Асенсио, подоцна влегоа и Фабијан Руиз и Карлос Солер како и новата француска надеж Екитике.
Идното коло ПСЖ му гостува на Тулуз, а Лориен ќе игра дома против Ница.

ПретходноЛајпциг го „растури“ Баерн и го освои Суперкупот, деби на Хари Кејн, три гола на Олмо
СледноРеал триумфално во Билбао, дебитантски гол на Белингем (видео)