Филаделфија сака да го задржи Харден, а тој не сака да тренира

184

Незгодна ситуација во Филаделфија два месеци пред почетокот на новата сезона во НБА лигата. На крајот на јуни Џејмс Харден по разговорот со стручниот штаб и управата на клубот поднел барање за трејд во Л.А. Клиперс. Во меѓувреме преговорите меѓу Филаделфија и Клиперс пропаднале, па клубот одлучил да го задржи еден од своите најдобри играчи и тоа без дополнителни разговори со нив.
Според информациите од САД, Харден не сака да се појави на тренинг кампот пред почетокот на новата сезона и по секоја цена сака да ја смени средината. Причината е незадоволството со тоа што Филаделфија не му понудиле нов максимален договор, па идното лето тој ќе биде слободен играч.
Харден е член на Филаделфија од февруари 2022 година во трејд со Бруклин Нетс.

ПретходноСкопска класика: Вардар VS Шкупи, дерби за фудбалски мераци
СледноПресврт – Мбапе ќе потпише нов договор со ПСЖ!