Ајнтрахт Франкфурт го продаде Андре Силва на РБ Лајпциг, но експресно ја пополни дупката во нападот по неговото заминување. Нов член на бундеслигашот е Рафаел Сантос Боре кој доаѓа од Ривер Плата за која настапуваше изминатите четири сезони.
Тој со клубот од Франкфурт потпиша четиригодишен договор, доаѓа како слободен играч и неофицијално, ќе заработува по 2,5 милиони евра на годишно ниво.
Боре за Ривер одигра 80 натпревари и постигна 31 гол, а има шест натпревари за Колумбија. Во кариерата има искуство во Европа, затоа што беше член на Атлетико Мадрид за кои не заигра ниту еднаш, а една сезона беше позајмен во Виљареал (17 натпревари, 2 гола).
Има играно и за Депортиво од Кали.