Нејмар се договори со Ал Хилал за рекордна плата и 2-годишен договор

980

Суперѕвездата на ПСЖ, Нејмар, се договорил со саудискиот клуб Ал Хилал. Бразилецот ќе потпише 2-годишен договор со клубот, период за кој ќе добие вкупно околу 160 милиони евра, пишува „Л’Екип“.

Сега останува ПСЖ и Ал Хилал да се договорат околу условите на трансферот. Заминувањето на Нејмар од Париз сега изгледа повеќе од сигурно, шест години откако пристигна на „Паркот на принцовите“ за рекордни 222 милиони евра.

Иако се зборуваше дека Бразилецот би можел да се врати во Барселона, по се изгледа, кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

ПретходноУште една очајна партија: Естонија не „прегази“ во второто коло од претквалификациите во Талин
СледноПобедничко селфи на чаирчани со порака: Ние сме Шкупи! (ФОТО)