Прв меч на домашен терен откако се врати во ПМФЛ и речиси полна трибина на Маџари. Вардар против Шкупи загуби со 0:1, но сепак одигра храбро, машки, имаше и шанса во судиското продолжение да дојде и до бод, но Матеус ја погоди пречката на Шкупи.
“Комити“ и овојпат се покажаа во вистинско светло, не изостана поддршката во текот на целиот меч, играчите на Вардар имаа “ветар во грб“ што се вели, но сепак беа поразени.
Сепак “Комити“ уште еднаш покажаа дека се со Вардар, и во победи и во порази.
Така треба…