Ѓорѓи Мојсов – Тиквеш: Браво за моите играчи, секоја чест…браво за Гостивар за европскиот прием!

2300

Тиквеш попладнево во меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ дури со 0:3 успеа да го победи Гостивар и тоа на негов терен. Куреж ја започна серијата голови, Ибиши ја продолжи а точка стави на убелдивиот триумф Ивановски, со гол за конечни 3:0 или 0:3 ако сакате.May be an image of 4 people, people playing soccer, people playing football and text

Два меча, две победи и максимални шест бода, токму затоа стратегот на кавадарчани Ѓорѓи Мојсов мора да биде задоволен кој за “Спортспорт“ даде изјава по мечот во Гостивар:

Секако дека сум презадоволен. Браво за моите играчи, секоја чест. Се она што го договоривме тие го исполнија на теренот и затоа победивме. Навистина одигравме квалитетно. Овие добри игри и победи на стартот од сезоната се должат на многу фактори. На спојот на младоста и искуството, на квалитетот на нашите играчи, на борбеноста, залагањето, секако и деталното анализирање на противникот. Сакам да кажам и браво за Гостивар. Браво за европскиот прием што денеска го имавме. И покрај убедливиот пораз тие искрено ни честитаа на победата. Ако вака се однесуваат сите домашни екипи секако дека ќе биде многу поубаво да се игра фудбал во Македонија. Уште еднаш големо браво за Гостивар“ изјави Мојсов.

ПретходноПобедничко селфи на чаирчани со порака: Ние сме Шкупи! (ФОТО)
СледноЕве зошто си поднел оставка: Роберто Манчини селектор на С. Арабија?!