Бонучи за полуфиналето со Шпанија: „Ќе биде тешко, тие се ментално силни и компактни“

176

Бекот на Италија, Леонардо Бонучи даде коментар за утрешниот полуфинален натпревар со Шпанија на ЕУРО 2020. Искусниот стопер на Јувентус вели дека со Шпанија никогаш не се знае и дека нема фаворит на тој меч.

Натпреварот се игра на „Вембли“ од 21:00 часот.

Нема фаворит, мораме да заборавиме на се што сме постигнале досега. Луис Енрике има чисти идеи, Шпанија беше критикувана, но тој секогаш ги брани играчите и тактиката. По традиција Шпанија игра најдобро во финишот на шампионатот. Ги респектираме и знаеме дека мораме да се браниме добро, посебно да внимаваме на нивната брза транзиција и прецизните додавања во нашиот шеснаесетник“, вели Бонучи кој се присети на финалето на ЕУРО 2012 кога Шпанците ја победија Италија со 4:0.

Тоа финале во 2012 година беше лошо за нас. Ние влеговме изморени, со празни батерии и резултатот беше очаен. Во 2016 година беше поинаку, знаевме дека ќе имаме проблеми со нив, утре ќе имаме сосема поинаков натпревар. Тие имаат одличен квалитет и мораме да внимаваме. Тие играат компактно, организирано и се ментално силни. Нема да биде лесно. Сакаме да ги израдуваме Италијанците и да стигнеме до финалето за нив и за Спинацола. Му го должиме тоа“, додаде бекот на Јуве.

ПретходноБарселона и официјално го промовираше Мелвин Ричардсон
СледноМакедонија У18 загуби од „Атлети во акција“ во тест-меч