Висар Муслиу, нашиот репрезентативен стопер, денеска го постигна својот деби – гол за својот нов тим, Падерборн. Ако во рамките на 1.коло во втората по ранг дивизија во Германија доби црбен картон, денеска покажа дека знае да дава и голови.
Имено во меч од 1.коло во Купот на Германија, Падерборн со 0:7 славеше на гости кај Енерџи Котбус, а Муслиу беше стрелец на вториот гол во 11.минута.