Вилјареал – Бетис 1:2 е епилогот вечерашниот меч од 1.коло во Ла Лига. Интересно е да се каже дека до 90+6.минута резултатот беше 1:1, но тогаш Вилиан Хозе стрелаше во домашната мрежа за големи три бода за тимот од Севилја.
Инаку Перез во 20.минута го доведе Бетис во водство од 0:1, но Вилјареал израмни во 61.минута со голот на Куенка.
Претходно во текот на денот, Селта со Рафа Бенитез на клупата дома загуби од Осасуна со 0:2.