Напаѓачот Алекс Окслејд Чембрлејн го напушти Ливерпул по завршувањето на сезоната во Премиер лигата и како слободен играч му се приклучи на турскиот Бешикташ. Англискиот фудбалер потпишал тригодишен договор и стана шестиот нов играч во „црно-белите“ редови.
Окс е поранешен репрезентативец на Англија со 35 настапи и седум голови, а играше уште за Арсенал и Саутемптон.
Бешикташ ова лето ги донесе уште Анте Ребиќ од Милан, потоа централниот бек Даниел Амартеј од Лестер, Емреџан Булут од Сомаспор, Артур Масуаку од Вест Хем и Жан Онана од Ленс.
Alex Oxlade-Chamberlain has officially signed for Besiktas on a three-year-deal.
Best of luck, @Alex_OxChambo 👊 pic.twitter.com/rclLjIu7xt
— Anfield Edition (@AnfieldEdition) August 14, 2023