Пачовски: Откажав поради клупски обврски!

2875

Стефан Ристовски се повлече од националниот тим поради несогласувањеа со селекторот Благоја Милевски, а од репрезентацијата се повлече и Томе Пачовски, тренерот на голманите во стручниот штаб.

Битолчанецот кој е и тренер на голманите во белгискиот второлигашот Бершот, поради новите рокади на тренерските места во клубот не може да биде ставен на располагање во националниот тим. Тој пред неколку дена го информирал селекторот Милевски дека се повлекува од тренерската позиција на голманите во репрезентацијата.

Не можам поради клубски обрски. Досега беше поинаку затоа што мојот помошник тука замина во друг тим, а неговата замена нема професионален договор и не може да ме менува…“, коментира Томе Пачовски.

Разговарав со селекторот и му се заблагодарив за досегашната доверба, му посакувам среќа во иднина како на него така и на останатите во стручниот штаб и сите фудбалери а посебно голманите“, појаснува Пачовски кој во минатото на 46 натпревари го чуваше голот на Македонија.

ПретходноВест Хем се засили со мајсторот во слободни удари во Премиер лигата
СледноИсторија: Нејмар е првиот играч од плус 300 милиони фунти