Кошаркарите веќе во февруари, со помош на „Фалангата“ ќе имаат шанса да им се одмаздат на Естонците!

360

Македонската кошаркарска репрезентација ќе има шанса после долго време да се врати на големите натпреварувања. Нашите момци ги добија противниците во квалификациите за Европското првенство 2025 година, ќе ги одмерат силите со Естонија, Полска и Литванија.

Првиот меч „црвено-жолтите“ го играат на 23 февруари следната година против Естонија на домашен терен, квалификациите ги затвараат после една година, против Полска на домашен терен.

Распоред на натпревари

23 февруари 2024
Македонија – Естонија

26 февруари 2024
Полска – Македонија

21 ноември 2024
Македонија – Литванија

24 ноември 2024
Литванија – Македонија

21 февруари 2025
Естонија – Македонија

24 февруари 2025
Македонија – Полска

ПретходноГичевска продолжува во Романија!
СледноДоктор за трансфери: Мурињо за „џабе“ донесе засилување од ПСЖ!