Голманот на Колумбус почина откако го погоди ракета за огномет

388

Голманот на Колумбус Блу Џекетс, Матис Кивленикс почина откако го погодила ракета за огномет, соопштија од американската Национална хокеарска лига (НХЛ) опишувајќи го овој настан за трагичен.

„Ова е трагедија. Не можеме да поверуваме дека Кивленикс го нема“, изјави директорот на Блу Џекетс, Џон Дејвидсон.

Претходно се тврдеше дека 24-годишниот голман починал поради повреда на главата после пад во базен бегајќи од ракета за огномет. Меѓутоа аутопсијата утврдила дека ракетата го погодила во градите и експлодирала, а потоа тој паднал во базенот и притоа ја удрил главата.

Несреќата се случила во куќа во местото Нови, предградие на Детроит, каде летонскиот голман бил во друштво со уште неколку пријатели.

Кивленикс е роден во Рига, играл за Призна Рига, а потоа заминува во Америка каде потпишува за Кливленд Монстерс, а од таму во 2017 година заминува во Колумбус Блу Џекетс. Тој играше и за летонската репрезентација.

 

ПретходноЗвезда донесе напаѓач од француската Лига 1
СледноНема гаранција дека Донарума ќе биде прв голман на ПСЖ