Никогаш не паднал толку ниско: Рамос никогаш не беше наша опција!

911

Иако со години важеше за еден од најдобрите дефанзивци во светот, Серхио Рамос во овој момент е отпишан. Има понуди надвор од Европа и се чини дека ќе прифати една таква иако не е по негов вкус.

Во меѓувреме тој се поврзуваше со Севиља, имаше желбда с е врати, но претседателот на овој тим отворено кажа дека не им треба.

„Имаме свој план како и секој преоден рој, но Рамос никогаш не беше опција. тој не ни треба. Имавме само некои директни и индиректни понуди“, изјави првиот човек на Севиља, Пеп Кастро пред Суперкупот меѓу Манчестер Сити и Севиља. 

Рамос допрва треба да си најде соодветен клуб за себе. Тој наводно има понуда од турски Галатасарај, но многу побогат од Саудиска Арабија и МЛС.

Рамос претходните две сезони ги мина во ПСЖ, каде што пристигна откако 14 години го носеше дресот на Реал Мадрид.

ПретходноКожув го задржа и капитенот!
СледноДонарт Ибраими со деби од соништата против Рома