Францускиот весник Le Parisien ги објави десетте најдобро платени фудбалери во светот. На овие списоци традиционално доминираа играчи од ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона и други европски гиганти, погледот на новата листа јасно покажува каде е формиран новиот центар на моќ.
Дури осум фудбалери на таа листа на најплатени моментално играат во Саудиска Арабија, еден е во САД, додека Европа има само еден претставник.
Не е тешко да се погоди дека Лионел Меси доаѓа од САД. Поранешниот играч на Барселона и ПСЖ летово потпиша за Интер Мајами и заработува 45 милиони евра годишно. Неговиот до неодамна соиграч Килијан Мбапе, кој остана во ПСЖ, заработува 70 милиони евра по сезона.
На врвот на листата е Кристијано Роналдо, кој е платен 200 милиони евра годишно од саудискиот клуб Ал Наср, а тронот го дели со неговиот поранешен соиграч од Реал, Карим Бензема, кој исто така има плата од 200 милиони евра по сезона.
Третото и четвртото место се резервирани за Канте, соиграчот на Бензема од Ал Итихад и Нејмар, кој штотуку пристигна во Саудиска Арабија откако потпиша договор со Ал Хилал. Се зборува дека двајцата заработуваат по 100 милиони евра.
Football’s 10 best paid footballers. 8 in Saudi Arabia, 1 in US and just 1 in Europe. 9 of 10 contracts signed this year (in €, from Le Parisien). pic.twitter.com/0suVkvwiaX
— Colin Millar (@Millar_Colin) August 15, 2023