Екипата на Барселона отворено даде поддршка за Израел, и ги разочара сите Палестинци, откако закажа натпревар во окупираниот дел на Ерусалим.
„Каталонците“ ќе играат на 4. август против Беитар, а по одлуката реакција и од фудбалскиот сојуз на Палестина.
„Жалиме поради одлуката на Барселона да игра пријателски меч со Беитар во окупираниот дел на Ерусалим на 4. август“, соопшено е од фудбалскиот сојуз на Палестина, и додаваат:
„Се надеваме дека Барселона уште еднаш ќе размисли за овој потег и дека ќе дојде до откажување на натпреварот“.