Трабзонспор преговара со Пекинг Гуан за позајмица на Аријан Адеми!

276

Како што вчера и денеска пишуваат медиумите во Турција, раководството на Трабзонспор е во преговори со кинескиот клуб Пекинг Гуан за позајмица на нашиот репрезентативец Аријан Адеми. Исходот од овие преговори сеуште не е познат.

Инаку, според турските медиуми, Трабзон сака по секоја цена да доведе и искусен и квалитетен играч за врска, поточно дефанзивен играч за врска. Во “игра“ се неколку имиња меѓу кои и Адеми, за кого “притиска“ Ненад Бјелица, стратегот на Трабзон и екс – тренер на Адеми во Динамо.

Сепак ова е тешко остварливо. Инаку Трабзон беше силно заинтересиран за ангажман на Адеми, но овој пред неколку месеци сепак се реши да ја прифати понудата на тимот од Кина.

ПретходноГерманците не му дадоа виза на Укпа: Нигериецот од Струга ТЛ остана во Скопје во очекување на позитивни вести!
СледноДури осум од десетте најплатени фудбалери во светот играат во С.Арабија