Шефилд Јунајтед го ангажираше Том Дејвис од Евертон

67

Новајлијата во Премиер лигата, тимот на Шефилд Јунајтед го ангажираше играчот од средниот ред на Евертон, Том Дејвис. Тој потпиша тригодишен договор, а пристигнува во Јунајтед како слободен играч откако му истече договорот со „Карамелите“.

„Време беше да го сменам тимот и полн сум со ентузијазам поради проектот што го гледам овде. Премиер лигата е најдоброто првенство и мислам дека во Шефилд Јунајтед е вистинското место каде што ќе играм против најдобрите тимови и играчи. “ коментираше Том Дејвис пред клупскиот сајт.

Дејвис е производ на академијата на Евертон, каде што започна на 11.годишна возраст и го имаше своето деби за првиот тим во април 2016 година под водство на Роберто Мартинез. Две години подоцна, тој стана и најмладиот капитен на Евертон со 20 години и 60 дена, соборувајќи го рекордот на Стив Мекмахон од 1983 година.

ПретходноСкандал пред стартот на СП: Фински кошаркари се испотепале
СледноСтруга 2023: Вардар 1961 без проблеми до триумф против Струга!