Струга 2023: Вардар 1961 без проблеми до триумф против Струга!

208

Со мечот Струга – Вардар 1961 денеска беше отворен Струшкиот Меѓународниот ракометен турнир, односно неговото 51. издание. Турнир кој е една од најзначајните спортски манифестации во Македонија. И како што се очекуваше, големиот фаворит на овој меч, тимот на Вардар 1961 во целост ја оправда фаворитската улога и дојде до труиумф со 29:17 (18:5). Ова инаку беше натпревар од групата – Б.

Уште на почетокот, освен тие 1:1, вардарци беа далеку подобри, го искажаа квалитетот иако на моменти ја “билдаа“ разлика и со половина сили. Јагуриновски, Петриќ… и останатите просто го “полнеа“ голот на стружани. Во 9.минута веќе беше 6:1 за Вардар, а на пауза се замина со 15:8.

Во второто полувреме не се измени ништо посебно. Освен што Тутенковски на голот на Струга бранеше одлично. Иако шанса добија и некои други ракометари, Вардар беше тој што го диктираше темпото, па така во 51.минута резултатот беше 24:12.

На крајот резултатот гласеше 29:17. Најдобри стрелци кај Вардар беа Ќосевски со 5 голови, Срдановиќ и Петриќ стрелаа по четири пати.

ПретходноШефилд Јунајтед го ангажираше Том Дејвис од Евертон
СледноУЕФА Суперкуп 2023: Познати стартните состави…Сити со Халанд ќе ја напаѓа Севиља! (ФОТО)