Казорла по 20 години се врати во матичниот клуб, ќе игра за „минималец“

403

Романтика се уште постои во фудбалот. Таков пример е легендарниот шпански играч за врска Санти Казорла кој одлучи по 20 години да се врати во матичниот клуб, Реал Овиедо. Тој ги помина младинските категории на Овиедо, а во 2003 година одлучи да ја гради кариерата во Виљареал. Играше и за Малага, Арсенал, а последен клуб пред да се врати во Шпанија му беше Ал Сад од Катар.
Казорла ќе игра за минимална плата која е пропишана во статутот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија. Овој 38 годишен фудбалер има и 81 настап за Шпанија и 15 погодоци.

ПретходноАрсенал без Тимбер до пролетта идната година
СледноОФИЦИЈАЛНО: Арнаутовиќ повторно во дресот на Интер