Искусниот австриски напаѓач Марко Арнаутовиќ повторно го облече дресот на Интер. „Нероаѕурите“ го официјализираа трансферот на 34-годишниот фудбалер чиј договор е до крајот на сезоната.
Тој доаѓа од Болоња како позајмен фудбалер, а Интер има опција да го откупи договорот.
Марко веќе играше за Интер дури и ја освои ЛШ. Тоа беше во сезоната 2009/10, а одигра само три меча.
Минатата сезона проблематичниот фудбалер одигра 23 натпревари во кои постигна 10 голови.
Пред Арнаутовиќ, Интер го донесе левиот бек Карлос Аугусто од Монца.