Мароканскиот чувар на мрежата Јасин Боно ќе игра за Ал Хилал од Саудиска Арабија. Четирикратниот азиски шампион по Нејмар ангажираше и квалитетен голман кој доаѓа од редовите на Севиља за сума од 21 милион евра. Боно, за кого се интересираа неколку европски клубови, оди во Ал Хилал каде што ќе потпише тригодишен договор вреден 15 милиони евра по сезона.
Боно во Севиља дојде во 2019 година од Џирона, претходно играше за Б тимот на Атлетико Мадрид и за Видад Казабланка.
Ал Хилал ова лето ги донесе Нејмар, Малком, Рубен Невеш, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Калиду Кулибали.
Ал Хилал се интересираше и за напаѓачот Лукас Зелински од Наполи, но неочекувано, доби „корпа“ од полскиот фудбалер. Наводно, тој сакал да остане во Неапол и одлучил да преговара за нов договор со шампионот на Италија.
Па клубот се свртел кон српскиот напаѓач Александар Митровиќ од Фулам.
🦁 | MERCATO
Selon Fabrizio Romano, c’est fait pour Yassine Bounou à Al Hilal. Transfert estimé à 21M€. pic.twitter.com/gLd1EWgCmu
— DM SPORT (@dmsportma) August 17, 2023