Омер Буњаку ќе го води Балкани!

1632

Како што дознаваме Омер Буњаку ќе биде нов спортски директор на косовскиот првак Балкани. Инаку Буњаку доаѓа на местото на Ндерим Неџипи кој пред неколку недели се пресели во Турција, каде што стана спортски директор на Маниса.

Познато е дека Буњаку, како спортски директор на Шкупи во сезоната 2021/22, се разбира заедно со тренерот Гоце Седлоски дојде до шамионската титула,и тоа по цели две децении. Во летото Шкупи под водство на Буњаку играше и во Европа, во квалификациите во ЛШ, во ЛЕ и во ЛК.

Но таму чаирчани беа елиминирани токму од Балкани, косовскиот тим и на двете средби успеа да го совлада Шкупи.

Сепак еве, некогашниот спортски директор на Шкупи ќе биде на чело на најдобриот тим од Косово.Според нашите сознанија се е договорено, останува само во наредните денови да се изврши промоцијата.

ПретходноШампионот испишува историја: Струга ТЛ е на 90.минути до плеј-офот во ЛК!
СледноШортс ја потврди својата класа и во македонското сивило!