Се чини дека бадијала парите, бадијала фактот дека се истурени стотици илјади евра за нови играчи во летниот преоден рок, се купуваше и тоа на ангро, ако не знаеш да водиш клуб или тим.
Така и во Гостивар. По двата стартнтни порази во ПМФЛ, од Струга ТЛ на гости и посебно оној дома од Тиквеш со 0:3, се случува вистински хаос во клубот, барем такви се нашите сознанија и тоа од “прва рака“. Секој секого обвинува, а цехот платија Ѓорѓи Танушев, Фахрудин Ѓурѓевиќ и Зехрудин Мехмедовиќ. Сиоте тројца се тргнати од првиот тим и веќе не се членови на Гостивар. Исто така дознаваме дека “чистката“ нема да запрела тука, на пик се најмалку уште 4-5 играчи.
Инаку Гостивар во недела гостува во Штип каде ќе ги одмери силите со Брегалница во меч од 3.коло во ПМФЛ.