Големо славје по мечот во Луксембург во таборот на нашиот тим, нашиот претставник во Европа кој влезе во плеј –офот во Лигата на Конференции и сега е на чекор до пласман во групната фаза.
По мечот во кој Струга ТЛ загуби од Есперанж со 2:1 но со вкупни 4:3 оди натаму и се пласира во плеј –офот, свој коментар имаше и стратегот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро:
“Чудата на Струга Трим Лум сезонава продолжуваат, најавувајќи се со титулата шампион, стигнувајќи до „плеј-оф“ фазата од Конференциската лига, секако дека е историски ден, за нашиот клуб, исклучително големо достигнување“ беа првите импресии на Дуро по натпреварот во Луксембург.