На прв поглед сензационално, но и официјално. Мухамед Елмас (17), големиот талент на Работнички од денеска и официјално е нов член на Гостивар. Братучедот на Елиф Елмас, кој во изминатите две години беше дел од првиот тим на клубот од Градски парк, беше дел и од младинските селекции, си земал исписница од Работнички и потпишал за Гостивар.
Со тоа гостиварци сега имаат и тоа каков талент во своите редови.
Инаку Елмас веќе подолго време беше под “скенерот“ на Гронинген и се очекуваше негов трансфер во Холандија, но ете тој и неговото семејство одлучило сепак да потпише за Гостивар.