Атлетик Билбао со 0:2 се враќа дома од Памплона, од тешкото гостување кај Осасуна. Освоени се големи три бода и тоа со головите на Инјаки Вилиамс во 11.минута, по асистенцијата на неговит брат Нико Вилиамс,и Гурузета во 20.минута. Домашните имаа играч повеќе од 59.минута кога Сансет заработи исклучување кај гостите, но силите се израмнија во 90+4.минута кога Авила кај домашните исто така беше исфрлен од игра.
Па така на крајот се виде дека,во однос на головите и резултатот, се беше решено во првите 20 минути.