Последен филтер: Почнува плеј-офот за место во групната фаза на ЛШ

199

Денеска стартува решавачката плеј-оф рунда за влез во групната фаза од најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Програмата вклучува три натпревари кои ќе се играат вечерва со почеток од 21 часот.

Во првиот меч, полскиот шампион Раков Честохова ќе се сретне со данскиот првак ФК Копенхаген, а во веројатно најинтересниот пар вечерва, шкотски Глазгов Ренџерс е домаќин на првата пресметка со холандскиот гигант ПСВ Ајндховен. Третиот меч со кој ќе биде затворена денешната програма е дуелот меѓу Антверпен и АЕК Атина.

За утре се закажани и преостанатите три плеј-оф средби. Во нив ќе гледаме уште неколку интересни пресметки:

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ПЛЕЈ-ОФ

(ПРВИ НАТПРЕВАРИ)

ДЕНЕСКА – 21 часот:

Антверпен – АЕК

Раков – ФК Копенхаген

Глазгов Ренџерс – ПСВ

УТРЕ:

Макаби Хаива – Јанг Бојс

Молде – Галатасарај

Брага – Панатинаикос

ПретходноБен Талеб се враќа во Струмица, шампионот преговара и со коректор од Унгарија
СледноЧуквуемека мораше на операција, Челзи без него најмалку неколку недели