Криза: Барса им ги скрати појадоците и ручеците на фудбалерите од Б-тимот

725

Барселона веќе нема да обезбедува појадок и ручек за играчите на резервниот тим. Како што објавија некои шпански весници, клупското раководство на каталонскиот гигнат одлучило да ги прекине услугите со компанијата која подготвувала оброци за играчите на резервниот тим.

Досега, играчите на Барселона Б, чиј тренер е Рафаел Маркез по редовните тренинзи можеа да останат на појадок или ручек во „Ла Масија“. Тоа беше опционално, но клубот имаше обезбедено таква услуга.

Сега поради тешката економска ситуација во клубот, Барса реши да се откаже од оваа практика. Од клубот сметаат дека тоа биле неоправдани трошоци.

ПретходноСудии за ПМФЛ:Трпчевски “главен“ во Ѓорче, Пилешков ќе им суди на Вардар и Силекс
СледноОдбојкарите се враќаат на тренинг, следува финалната недела од подготовките за ЕП 2023