Првиот грчки фудбалер во Вест Хем

126

Вест Хем се засили со грчкиот дефанзивец Костантинос Мавропанос кој дојде од редовите на Штутгарт каде што настапуваше во претходните три сезони. „Чеканите“ ќе платат за него 20 милиони евра плус 5 милиони во форма на бонуси.

Мавропанос беше член на Арсенал од 2018 до 2022 година и одигра само седум натпревари во Премиер лигата. Беше позајмен во Нирнберг, две сезони во Штутгарт, па со „швабите“ потпиша перманентен договор во сезоната 2022/23.

Инаку Мавропанос има 19 настапи за Грција.

ПретходноЛиверпул се пожали, ФА го поништи црвениот картон на Мекалистер
СледноСити купува белгиски репрезентативец за 60 милиони евра