Звезда спрема „бомба“ – преговара со Алексеј Швед

155

Од Црвена Звезда сакаат дополнително да ја засилат конкуренцијата на бековските позиции, па е во потрага по квалитетен играч, а „Телеграф“ пренесува дека клубот е во преговори со рускиот кошаркар Алексеј Швед.
34-годишниот кошаркар неодамна „раскина“ со ЦСКА Москва и е во потрага по нов клуб, а Звезда ќе се обиде да го донесе во своите редови. Во игра е и клуб од Кина, а се пишува дека тоа е Шандонг Хај Спид од кинеската ЦБА лига.
Швед ја почна кариерата во ЦСКА, потоа три години настапуваше во НБА и тоа за Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк Никс, а се врати во европската кошарка во дресот на Химки. Помина шест години во овој клуб, а во 2021 година повторно му се придружи на ЦСКА. Зад себе има титула во Евролигата од 2008 година со ЦСКА и два пати најдобар стрелец на елитното натпреварување како член на Химки како и најефикасен играч на Евробаскетот.

ПретходноНБА лигата го казни Харден со 100.000 долари
СледноОтавио e најскапото засилување на Ал Наср, а бразилски нисколигаш ќе заработи 13 мил.евра