Отавио e најскапото засилување на Ал Наср, а бразилски нисколигаш ќе заработи 13 мил.евра

550

Ал Наср ги израдува своите навивачи со ново засилување и тоа најскапо во клупската историја. Отавио официјално е нов член на клубот од Саудиска Арабија кој ја активира откупната клаузула во договорот на португалскиот играч за врска и искешира 60 милиони евра.
Фудбалерот потпиша тригодишна соработка.

Ал Наср го направи највисокиот трансфер во историјата, а исто така и Порто ја направи највисоката продажба. Сепак, целата сума нема да се слее во касата на Порто затоа што и бразилскиот нисколигаш Коимбра ќе заработи речиси 13 милиони евра поради тоа што на времето издејствувал процент од нареден трансфер.
Инаку Отавио во Порто дојде од Интернасионал за само 2,5 милиони евра.

Тој е роден во Бразил, а настапува за Португалија.

ПретходноЗвезда спрема „бомба“ – преговара со Алексеј Швед
СледноЛиверпул се пожали, ФА го поништи црвениот картон на Мекалистер