Првиот и еден од клучните ривали на македонската одбојкарска репрезентација на претстојното Европско првенство во Скопје, селекцијата на Данска, оствари победа и пораз на првите две контролни средби против соодветната селекцијата на Хрватска. Данците се гости на Хрватите во Осијек, каде вчера во првиот меѓусебен контролен меч славеа со максимални 3:0, додека денеска „коцкестите“ им се реваншираа со идентичен резултат 3:0 (25:21, 28:26, 25:23).
Според извештаите, првиот меч бил од затворен тим и биле одиграни четири сета и сите им припаднале на Данците. Денеска во Осијек е одигран отворен меч пред публика, па Хрватите успеаја да им се реваншираат. Данска и Хрватска и утре и задутре ќе одиграат уште два контролни меча кои и за двете селекции се последна проверка пред почетокот на Евроволеј 2023.
Македонија на 30 август во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ токму против Данска го почнува своето трето учество на европските шампионати.