ФИБА направи пропуст, дали знае како изгледа Никола Јовиќ?

204

Се е подготвено за стартот на Светското првенство во кошарка кое годинава се одржува во три земји во Азија.

Домаќини на Мундобаскетот ќе бидат Филипините, Јапонија и Индонезија, турнирот започнува на 25 август и ќе трае до 10 септември.

Затоа ФИБА подготви интересна содржина, вклучително и прогноза за освојување на наградата за најдобар млад играч на турнирот.

Меѓу нив беше и еден српски кошаркар, Никола Јовиќ од Мајами, кого ФИБА на сликата го претстави како Балша Копривица со погрешна графика. Кошаркарот на Партизан не се најде на конечниот список, па нема дилема дека се работи за мал, но секако забележлив пропуст.

ПретходноДербито Шкендија – Струга ТЛ презакажано за 4 октомври, додека Струга ТЛ – Вардар се игра на 1 ноември!
СледноКудус е нов играч на Вест Хем