Лионел Меси по заминувањето од Барселона одбра да игра за ПСЖ, меѓутоа, тој не се чувствувал комфорно како на „Ноу Камп“. Аргентинецот сега е во Интер Мајами каде што игра во супер форма, а се присети на својата преселба во редовите на ПСЖ, а раскажа и како се прилагодува на животот во Мајами.
„Тоа беше семејна одлука, за доброто на семејството. Поминавме две тешки години во Париз, не се чувствувавме добро, а тоа скапо не чинеше.
Решивме (да се преселиме во Мајами) со цел малку поблиску да се приближиме до тоа какви бевме кога живеевме во Барселона – да уживаме во секојдневниот живот заедно со нашите деца, со фактот дека се е добро во семејството. Сакав да уживам во играта секој ден, што не беше случај порано.
Од многу причини решивме Мајами да биде вистинското место, а денес сме сигурни дека не погрешивме“, цитира Лео tycsports.