Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез се враќа во Интер откако една сезона помина во Олимпик Марсеј. Како што објави Фабрицио Романо, Санчез се враќа во „градот на модата“ како слободен играч и ќе потпише краткорочен договор. Чилеанецот го носеше дресот на Интер од 2019 до 2022 година.
Од друга страна, Хоакин Кореа заминувана позајмица во Марсеј со клаузула за откуп која ќе биде активирана на крајот на сезоната доколку клубот од „Велодром“ успее да се пласира во Лигата на шампионите.