Фудбалер од Серија А е обвинет за сексуално насилство

134

Репрезентативецот на Исланд, Алберт Гудмундсон е суспендиран од националниот тим на својата земја поради обвинувања за сексуално насилство, пренесува La Repubblica. Против напаѓачот на Џенова е поднесена тужба од жена која работи за репрезентацијата на Исланд . Самиот играч ги негира обвинувањата.

Додека обвинителството и полицијата работат на случајот, Гудмундсон нема да биде повикан во националниот тим. Сепак, не е јасно барем засега како ќе реагираат во Џенова. Инаку фудбалерот е оженет и има две деца.

Пред две години излегоа на виделина неколку случаи на сексуален напад со државјани на Исланд. Една жена, Торилдур Гида Арнарсдотир, откри дека во 2017 година била нападната од двајца репрезентативци на Исланд во дискотека во  Рејкјавик. Откако одбила да оди до нивната маса или да замине со нив, госпоѓата била удрена со тупаница по лицето и се задавила, при што се здобила со повреди и добила лекарска помош. 

Премиерката на Исланд Катрин Јакобсдотир рече дека добила информации за уште најмалку шест репрезентативци кои се обиделе да извршат сексуален напад во периодот од 2016 до 2020 година. Сите тие биле пријавени во федерацијата, од која немало никаква реакција.

 

ПретходноЛука Иванушец е нов играч на Феенорд
СледноВетеранот Бертранд доаѓа во Јунајтед