Во четврток (31 август) со почеток од 18:45 часот по македонско време, Струга ТЛ ќе го одигра реваншот во плеј –офот во Лигата на Конференции на гости кај Бреидаблик. Познато е дека првиот меч во Охрид вчера заврши со резултат 0:1 за шампионот на Исланд.
Инаку за овој реванш меч на Исланд, кој се игра во Копавогур, одредени се судии од Германија да ја делат фудбалска правда.
Главен судија е Даниел Шлагер, додека него ќе му помагаат Ласе Кословски, Свен Васчитцки и Патрик Итрих, исто така од Германија.
Шлагер е еден од судии кои важат како предводници на младата генерација судии на Германија. Последен меч му бил оној од минатото коло во Бундеслигата кога Аугсбург и Менхенгладбах одиграа 4:4.
Завчера на мечот од плеј – офот во ЛШ меѓу Спортинг и Панатинаикос бил четврти судија.
ФОТО: DFB