Охрид го изненади Бешикташ и ќе игра за 3.место!

78

Ракометарите на Охрид вечерва на турнирот “Крсте Андоновски“ кој се одржува во нивниот град,успеа да одигра навистине импресивно и да го победи реномираниот гостин од Турција, тимот на Бешикташ со 35:32 (20:17). Со оваа победа составот на Охрид се избори за право да игра за 3.местона овој турнир и тоа против Татран Прешов. Бешикташ за 5.место ќе се сретне со Металопластика а финалето е меѓу Е. Пелистер и Олимпијакос. Да споменеме дека најдобар стрелец вечерва во таборот на победничкиот тим беше Сафранко со 7 голови, потоа Шешиќ постигна 6 а Ојроникидзе застана на пет. Додека ја гостите од Турција најдобар стрелец беше Пена со 8 погодоци.

ПретходноАл Наср покажа сила: Роналдо со хет-трик и Мане со два гола го “шекнаа“ Ал Фатех! (ВИДЕО)
СледноЛајпциг прими гол па му “стегна“ пет на Штутгарт! (ВИДЕО)