Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) има намера да се обиде да ги притисне најголемите светски обложувалници, да престанат во својата понуда да даваат можност за обложување на жолти картони. Покрај обложување на жолти картоно, ФА инсистира да се укинат и можностите за обложување на други инциденти во играта, како корнери и пенали. Сето тоа доаѓа како притисок по се почестите скандали со наместени натпревари.
ФА преговара со обложувалниците и владата за да постави ограничувања на некои од облозите што се нудат во одредени натпреварувања, потег што ќе добие поддршка од Премиер лигата.
Катализатор за активни преговори беше неодамнешниот инцидент со Лукас Пакета, кој е осомничен дека намерно добил жолт картон.