Еден од клучните противници на нашата одбојкарска репрезентација во групата „Ц“ на Европското првенство во Скопје, селекцијата на Црна Гора одигра два пријателски меча со Б-селекцијата на Јапонија која претходно беше на подготовки и во нашата земја. Јапонците на двете контроли со Црна Гора остварија две убедливи победи.
На првата средбаво колашин, Б-тимот на азискиот состав славеше со 3:0, за во вториот меч Црна Гора да успее да освои еден сет. Најдобар одбојкар во селекцијата на Црна Гора и на двата меча бил младиот коректор Јововиќ, кој на втората пресметка освоил 22 поени.
Црна Гора ќе биде ривал на Македонија во 2. коло од групата „Ц“ на Евроволеј 2023 и заедно со Данска е еден од ривалите против кои избраниците на селекторот Миленкоски ќе бараат победи за евентуален пласман во втората фаза на првенството на Стариот континент.