Фудбалерот од средниот ред на Астон Вила, Филипе Кутињо ги договорил личните услови и наскоро ќе се пресели во катарскиот Ал Духаил, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.
Последна пречка за реализација на трансферот е договорот за отштетата меѓу двата клуба. Англичаните се уште немаат дадено „зелено светло“ за продажба на 31-годишниот Бразилец.
Кутињо има договор со Вила до летото 2026 година. Минатата сезона одигра 22 натпревари и постигна 1 гол. За него интерес имаше и во Саудиска Арабија.