Италијанецот Очипинти е победник на Охридскиот пливачки маратон

213

Италијанскиот маратонец Алесио Очипинти е победник на 36. издание на Охридски пливачки маратон. Очипинти беше најбрз на 25-километарската патека „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид минувајќи ја за рекордно време од 4 часа, 53 минути, 14 секунди.

Очипинти беше лидер во текот на целата трка и не дозволи никакво изненадување. Аргентинецот Матијас Дијаз заврши како втор, додека третото место му припадна на уште еден Италијанец, Марко Инглима.

Евгениј Поп Ацев пристигна како четврти на целта со време 5 часа, 8 минути и 32 секунди.

Кај жените прва заврши Каролин Жуис од Франција со време 5 часа, 5 минути и 59 секунди. Втора беше Туна Ердоган од Турција а трета заврши Ерика Јенсен од Аргентина.

ПретходноКутињо се сели во Катар, се договорил со Ал Духаил
СледноДончиќ со 37 поени за прва победа на Словенија на Мундобаскетот