САД со проблеми на стартот, потоа го “скрши“ Нов Зеланд…Шпанија убедлива против БСК

143

 

Се одиграа и последните два меча од денешната програма на СП во кошарка. Селекцијата на САД која важи за прв фавирит на Мундијалот,имаше и тоа какви проблеми во првата четвртина протов Нов Зеланд. Беше во минус, но на крајот успеа да ја добие со 19:18 . И од тој момент па се до крајот, се знаеше кој е кој и фаворитот на крајот славеше со убедливи 99:72. Едноставно противникот беше немоќен.

Банкеро со 21 поени беше најефикасен на средбата, Едвардс релаизираше 14 поени. Кај Нов Зеланд Те Ранџи со 15 поени беше најрасположен.

Шпанија уште на стартот на средбата протов Брегот на Слоновата Коска покажа дека нема намера да им препушти ни грам надеж на својот противник дека може да изненади. Ја доби првата четвртина со 24:17 и до крајот го контролираше резултатот. Во самиот финиш кога се беше готово “Фуријата“ малку се опушти, сепак на крајот славеше убедлива победа со 94:64.

ПретходноНеочекувано: Алиоски не е веќе дел од Ал Ахли?!
СледноУнион Берлин го “згази“ Дармштад, Дортмунд само до бод кај Бохум! (ВИДЕО)