Јунајтед имаше кошмарен старт, но на крајот победи…Арсенал дома ремизираше со Фулам! (ВИДЕО)

182

Каков меч на “Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунајтед и Нотингем Форест, некогашнни европски шампиони, кој патем заврши со триумф на “ѓаволите“ со 3:2. Сепак Јунајтед имаше кошмарен старт, веќе во 4.минута губеше со неверојатни 0:2.

Ериксен во 17.минута намали на 1:2, а потоа дојде до целосен пресврт. Каземиро  на почетокот од второто полувреме израмни на 2:2, додека победничкиот гол беше дело на Бруно од пенал во 76.минута. Од 67.минута гостите играат со играч помалку.

Кикс на Арсенал и тоа дома, играјќи само 2:2 со Фулам. Резултат на кој никој не се надеваше. Переира уште во 1.минута донесе водство на Фулам,кој во судиското продолжение имаше и шанса за победа.

Во 70.минута Сака израмни на 1:1, потоа Нкетиа три минути подоцна донесе водство од 2:1, сепак во 87.минута Палиња израмни на 2:2.

Брентфорд и Кристал Палас одиграа 1:1. Евертон продолжува по старо, денеска дома загуби од Вулфси со 0:1 и тоа со голот на Калајџиќ во 87.минута.

ПретходноУнион Берлин го “згази“ Дармштад, Дортмунд само до бод кај Бохум! (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Пелистер и Беса без милост кон противниците, максимални и Башкими, Кожув и Детонит!