Барселона објави дека голманот Марк Андре тер Штеген потпишал нов договор со важност до 30 јуни 2028 година. Во договорот на Германецот е ставена и откупна клаузула од 500 милиони евра.
Тер Штеген и се приклучи на Барселона во мај 2014 година од Борусија Менхенгладбах. За девет години во клубот, освои пет шампионски титули, пет шпански Купа, по еднаш во ЛШ и Светско клупско првенство.