Францускиот шампион Пари Сен Жермен ја забележа првата победа сезонава во француската Лига 1. По двете ремија во првите две кола, конечно, парижаните победија. Славеа триумф над Ленс со 3:1 на „Паркот на принцовите“.
Марко Асенсио го отвори резултатот во 45 минута. Во второто полувреме два гола постигна Килијан Мбапе, за во финишот Гилавоги да ги постави конечните 3:1.
ПСЖ идното коло ќе му гостува на Лион, а вицешампионот Ленс игра со Монако. Ленс се уште ја бара првата победа затоа што има два порази и реми.