Спектакл во Штип: Дерби на Истокот…Брегалница против перфектната Брера Струмица

622

Денеска во Штип сите патишта ќе водат кон градскиот стадион. Од 16 часот играат Брегалница и Брера Струмица. Тоа ќе биде спектакл за фудбалско уживање, тоа ќе деби Дерби на Истокот. Горан Здравков и неговите момци ќе ја дочекаат перфектната Брера Струмица која досега во изминатиот дел од сезоната покажа најмногу,и не само поради тие четири од четири, туку пред се поради играта и начинот на тоа како избраниците на Џовани Валенти победуваа.

May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text

Но ако може некој да ја сопре забревтаната Брера тоа секако дека е Брегалница на Здравков. Екипа која исто така воодушевува со начинот на тоа како игра, и со малку повеќе спортска среќа секако дека ќе беше рамо до рамо со струмичани. Посебно тука мислиме на мечот со Шкендија во Тетово кога домашните беа тотално надиграни, “сините“ги гаѓаа и стативите, но ете, немаа среќа да дојдат барем до бод.

Бодовите им се потребни и на двете екипи, токму затоа ќе има  голема борба на теренот на стадионот под Исарот. Нема да има премногу калкулации, ќе се игра фудбал, ќе се игра за гол повеќе.

“Сините“ се свесни за своите квалитети,имаат победнички менталитет, додека струмичани доаѓаат во Штип полни со самодоверба, со победнички дух. Во секој случај има што да се види и од Брегалница и од Брера Струмица.

ПретходноСаво Милошевиќ повторно на кормилото на Партизан
СледноШК Алкалоид со убедлива победа во дербито на почетокот на Екипниот шампионат