Никола Јокиќ е хит на социјалните мрежи, но поради неговите потези надвор од теренот и тоа во неговиот роден Сомбор. Откако пред неколку дена излезе видео-снимка како се забавува на концертот на Цеца Ражњатовиќ, сега Србинот отиде многу подалеку.
Јокиќ одлучи да го запре собраќајот во Сомбор за да се забавува со трубачите. Минувачите не ја пропуштија можноста да ја снимат оваа необична сцена на која може да се види како пријателите го тргаат од улицата. И овој пат се чини дека е под дество на алкохол.
Добро е познато дека ваквите забави на Јокиќ дел од Србите ги осудуваа бидејќи одлучи да не игра на Светското првенство кое се одржува во овој момент.
View this post on Instagram