Американците и фудбал: Меси дава гол а на Тајмс Сквер како во театар! (ВИДЕО)

1020

И дефинитивно има разлика меѓу САД и остатокот на светот кога се разговара за фудбалот, оној вистинскиот. Кога Меси дава гол цел свет е во екстаза, а во САД, барем оние што не се од Ј. Америја, тоа му доаѓа како нешто нормално. Како да гледаат театарска претстава.

Лео утринава играше во Њујорк, не беше стартер, но влезе во игра и го даде својот деби гол во МЛС. На Тајмс Сквер имаше видеобимови на кои што можеше да се следи овој историски меч, но за кого, за Американците.

Интересно, Меси даде гол, тие почнаа да аплаудираат и после неколку секунди одново како во театар.

Неверојатно. Барем нека видат тие Американци како се слави гол на Меси во Индија, Кореја, Австралија, Бангладеш, на Балканот, во Јапонија, во Африка, да не говориме за Ј. Америка. Ова како потсетување на настаните од последното СП во Катар кога Меси и Аргентина станаа светски прваци кога цел свет беше во еуфорија.

Фудбалот и САД, како небо и земја…

ПретходноАнгола го гаси сонот на Филипини, Литванија завери билет за следна рунда
СледноМладиот тим на Мулти Есенс финалист на турнирот во Прилеп…триумф и над Пролет!